Светскиот ден на предвремено породување се одбележува на 17-ти Ноември секоја година, за да се подигне свеста за предвремено породување и да се подобри грижата за недоносените бебиња и нивните семејства ширум светот. Околу 15 милиони бебиња се раѓаат предвреме секоја година, или едно на секои 10 новородени. Она што ја одбележа оваа година е слоганот на одбележувањето, со кој целата кампања се приближува кон семејствата и ја промовира „негата насочена кон семејството“ (Family-centered Care).
Се повеќе се знае дека психомоторниот развој преставува динамичка интеракција помеѓу детето и околината. Колку повеќе се знае за факторите кои учествуваат во ова, толку повеќе може да се надеваме на подобрување на психомоторниот развој. Затоа во последните 20 години во фокусот на вниманието е процесот на раната интервенција, како и систематски-еколошкиот приод, кој ги анализира случувањата кај детето, семејството и околината.
И оваа година Лулка го одбележа 17-ти Ноември – Светскиот ден на предвременото породување.
Годинава Светскиот ден на предвременото породување се одбележува под слоганот „Да соработуваме: Партнерство со семејствата при грижата за малите и болни новороденчиња.“ Истиот ден, во 12:00 часот, на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство беше одржана прес-конференција по повод Светскиот ден на предвременото породување. Беа истакнати мерките за подобрување на третманот на предвремено родените бебиња и резултатите кои се постигнати досега на Клиниката.
Една од трите програмски насоки на кои работи организацијата Лулка е Поддршка на граѓаните во текот на бременоста и породувањето. Лулка работи на подобрување на информациите, условите и поддршката која ја добиваат трудниците во текот на бременоста, како и подобрување на условите со кои се соочуваат во текот на породувањето, а со цел здрава бременост и здраво новороденче.
Организацијата Лулка е дел од создавањето на новите текови во неонатологијата во Европа, преку учеството во проектот Европски стандарди за грижа за здравјето на новородените.
Организацијата Лулка активно е вклучена во процесот на креирање на стандарди за грижа на новородените и предвреме родените бебиња на ниво на Европа. Преку серија текстови во следниот период ќе Ве запознаеме со тематските области за кои се креираат стандардите.
Прим. Др Јадранка Гулева – Педијатар неонатолог од Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ или популарно наречена гинекологија Чаир, потенцира дека она што го одредува здравјето на малите деца започнува уште пред забременувањето и зависи од здравјето на мајката, а продолжува и по породувањето со интеракцијата мајка-дете. Изложеноста на економска несигурност и сиромаштија го зголемува стресот кај бремената жена, што негативно влијае врз исходот од породувањето и развојот на новороденото.
Организацијата Лулка активно е вклучена во процесот на креирање на стандарди за грижа на новородените и предвреме родените бебиња на ниво на Европа. Преку серија текстови во следниот период ќе Ве запознаеме со тематските области за кои се креираат стандардите.