Една од главните карактеристики на модерното општество е постојаната трка со времето и борбата за егзистенција. Денес, модерниот начин на живот постепено препокрива некои значајни сегменти од секојдневието, пред се комуникацијата помеѓу луѓето во и вон семејството.

Секојдневната комуникација помеѓу луѓето како начин на информирање најмногу трпи во современите општества. Tрадиционалното пренесување на навиките и искуствата низ генерациите денес скоро и да не постои.

И кај нас современиот начин на живот се почесто се одразува врз начинот на кој размислуваме и постапуваме. Од тука произлегува и честата појава на непознавање на основните правила и начини на однесување на родителите со децата и нивно неправилно воспитување. Денес, се почесто се забележуваат неправилности во исхраната на децата, прекинување на доењето без објективна причина, премногу често посетување или одложување на посетата на доктор, па дури и лекување со антибиотици на своја рака без препорака од педијатар.

Токму поради тоа едукацијата и советувањето за определни теми како што се бременоста, мајчинството и одгледувањето на потомството е апсолутно неопходна. Во западните општества веќе одамна се врши континуирана едукација на граѓаните преку широко распространетите медиуми, како што се телевизијата, печатените медиуми и глобалната мрежа (интернет). На тој начин едноставно и лесно се пренесуваат и утврдуваат определени практики кои се многу значајни во периодот на мајчинството, а преку кои се обезбедува квалитетно одгледување и воспитување на децата во семејството и нивно трансформирање во здрави индивидуи.

Здружението на граѓани Лулка преку своите активности и преку веб-порталот ‘lulka.org’ се залага за подобрување на условите со кои се среќаваат сегашните и идните родители во своите непрекинати напори за правилно воспитување и издигнување на потомството.

Преку едукативните содржини на ‘lulka.org’ и достапноста за непосредно одговарање на вашите прашања, Лулка добива важна улога во секојдневието на секое семејство и се поставува како фактор со се поголемо влијае во македонското современо оштество.