Филантропијата и Вашата донација со Лулка добиваат една поинаква, подлабока димензија. Нашите активности се благородни, а нашата цел е здравјето и благосостојбата на најмалите, на нашите деца, поради кои постоиме и поради кои се врти светот.

Вашата донација за Здружението Лулка ќе биде искористена за исполнување на благородните цели и задачи на здружението и за реализација на тековните проекти. На многу бремени жени, на многу семејства со бебиња и мали деца Лулка им помогна. Директно или индиректно, преку едукативните кампањи, преку содржините на нашата веб-страна, преку јавно или анонимно одговарање на Вашите прашања и сл. 

Ве покануваме Вашата добра волја, хуманост и желба за подобрување на целокупните услови со кои се соочуваат трудниците и во кои растат и се развиваат нашите бебиња и деца да ја покажете преку донација на сметката на Здружението Лулка.

Здружението Лулка Ве поканува да се зачлените, а доколку сакате и имате слободно време може и волонтерски да се активирате во редовите на Лулка. Секој од Вас може да придонесе за остварување на целите и задачите на здружението.

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

Лулка – Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца - Скопје
Датум на основање на здружението: 27.06.2009 год.
Депонент: Унибанка Скопје
Денарска сметка: 240050001924070
Девизна сметка: IBAN 07240050001924070.

* Согласно статутот на Здружението Лулка – Здружение за грижа и едукација на бремените жени, мајките и децата, сите донирани средства ќе бидат искористени за остварување на целите и задачите на здружението, за реализација на програмата и тековните проекти.

Интернет страна: http://lulka.org

Facebook ЛУЛКА - Официјална страна на организацијата

Facebook ПРЕМНОВА - Платформа за поддршка и едукација, за предвремено родените, нивните семејства и професионалците кои работат со оваа популација.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama