01.02.2013 - Организатори и спроведувачи на овој настан беа Општина Кисела Вода, Волонтерски Центар Скопје и Здружение ЛУЛКА. Панел дискусијата се одржа на 1ви феврурари 2013 год. во салата на Општина Кисела Вода, а ја посетија 43 припаднички на понежниот пол.

Презентери беа д-р Вероника Кокоромановска - специјалист по гинекологија и акушерство, Ивана Хаџиванова - психолог, Гешталт психотерапевт, Тања Трајковска - дипломирана акушерка и Биљана Додева - стручен консултант за матични клетки. Централните теми на оваа панел дискусија беа:

Значајни прегледи во текот на бременоста (што, кога и зошто?)
Породување – што се случува и како активно да учествувате во процесот на породување?
Психолошките состојби во бременоста
Бејби блуз, постпородилна депресија - што е нормално, а кога треба да побарате помош?
Соновите на бремените жени
Регенеративна медицина – значењето на крвта од папочната врвка на бебето
Прифаќање на бебето по породувањето, значење на доењето
Психофизичка подготвеност за породување
Нега на бебето во првите месеци по породувањето


Сите присутни имаа можност да постават прашања на кои стручните соработници на ЛУЛКА со задоволство одговорија.