Благодарница за Лулка од СОС Детско Село Македонија беше врачена на прославата за денот на основачот на СОС Детско Село Hermann Gmeiner.

Во 2013 година и Лулка се најде меѓу организациите кои добија благодарница за поддршката која ја даваат на организацијата СОС Детско Село и на корисниците. Соработката на Лулка со СОС Детско Село донесе прекрасни искуства за нашата организација, а истовремено ни овозможи пласирање на информациите на оние на кои тие им се најмногу потребни.