Светската Недела на Доењето 2016 (#WBW2016) ја потенцира поврзаноста помеѓу доењето и Целите за Одржлив Развој (SDGs – Sustainable Development Goals). Овие т.н. Цели за одржлив развој се одраз на глобалната посветеност и делување кон обезбедување соодветен напредок.

Оваа година, Светската Алијанса за Доење (WABA) го прифаќа предизвикот да ги промовира стратегиите за правилна исхрана на новороденчиња и мали деца во рамките на одржливиот развој.