Организацијата Лулка како застапник (endorser) на организацијата WABA во Република Македонија, ја одбележа Светската недела на доењето од 01. до 07-ми Август 2017 година и спроведе низа активности за заштита, промоција и поддршка на доењето пред и во текот на Светската недела на доењето.

Slika web1Во рамки на подготвителниот процес тимот на Лулка ги преведе материјалите од WABA кои се наменети за јавноста, како и оние кои се наменети за сите организации и поединци кои ја поддржуваат и одбележуваат Светската недела на доењето, кои работат со оваа популација и/или се заинтересирани за доењето.
Со цел да обезбеди директна поддршка и советување за доењето за сите мајки кои дојат, организацијата Лулка во своите простории на 05.08.2017 година организираше Отворен ден за советување на мајките кои дојат, кои имаат проблеми со започнување или одржување на доењето. На наше големо задоволство, на отворениот ден не посетија неколку парови мајка-бебе, со кои имавме можност заедно да разјасниме некои дилеми, практично да помогнеме и да обезбедиме правилно доење на овие бебиња. Бидете во тек со нашите активности за доењето, следете не на Facebook и Instagram.

За повеќе информации може да го прочитате Извештајот на Лулка (македонски и english) за активностите поврзани со Светската недела на доењето 2017.
Материјалите од WABA на македонски јазик може да ги погледнете на следниот линк: Action folder и Action folder-insert.

 


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama