На 07. Февруари 2018 година организацијата Лулка, заедно со уште 10-тина други пациентски организации, потпиша меморандум за соработка со Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари.
Целта на меморандумот е да се воспостави соработка за подобра грижа, нега и едукација на пациентите и нивните семејства. Заедно мора да делуваме за подобра нега на трудниците, родителите, новородените и предвреме родените.