Доењето во Македонија е горлив проблем, со актуелните податоци кои се доста застарени, а кои информираат дека само 21% од мајките дојдат ексклузивно до 6 месеци, како што препорачуваат од Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и голем број педијатриски асоцијации и авторитети.

 

Sliki net61

Во рамки на медиа планот на организацијата Лулка спаѓа претставување на темите со кои се занимава Лулка во медиумите. Една важна активност е гостувањето на нашите соработници - експерти на ТВ Телма, во емисијата 0м+ со Марија. Во вторник на 03.04.2018 година темата на разговорот беше состојбата со доењето во Македонија. 

 

Според проценката на состојба со доењето во Македонина направена пред неколку години, 21% од мајките дојат, а 79% од бебињата се хранат со адаптирано млеко. Светската здравствена организација и Уницеф сметаат дека 99% од мајките би можеле да дојат доколку би имале помош и поддршка. Дали тоа значи дека навистина е мал бројот на жените (1%) кои имаат реален проблем и не се во состојба природно да го дојат своето дете? На темава денеска разговаравме со Д-р. Денис Ал Кхалили, спец. педијатар.“ -Facebook пост на емисијата 0м+ (линк).

 

Наскоро тука ќе може да го погледнете и разговорот кој се водеше во живо во емисијата 0м+ на Телевизија Телма.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama