Една од трите програмски насоки на кои работи организацијата Лулка е Поддршка на граѓаните во текот на бременоста и породувањето. Лулка работи на подобрување на информациите, условите и поддршката која ја добиваат трудниците во текот на бременоста, како и подобрување на условите со кои се соочуваат во текот на породувањето, а со цел здрава бременост и здраво новороденче.

 

Во прилог на нашите заложби, на ТВ Телма, во емисијата 0м+ Др Денис Ал Кхалили од организацијата Лулка разговара за значењето на контактот кожа-на-кожа, за златниот час во родилната сала, кога овој контакт за прв пат треба да се воспостави, како и за кенгурирањето, процес со кој се влијае позитивно на состојбата на предвремено родените бебиња, истовремено вклучувајќи го и семејството во процесот на негување и лекување. Овој современ пристап на лекување со контакт кожа-на-кожа во одделот за неонатална интензивна нега е веќе стандард во многу болници и држави во светот, како дел од концептот на Нега насочена кон семејството (Family centered care). 

Погледнете ја целата емисија и дознајте повеќе за овaa важнa темa!

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama