Организацијата Лулка беше поканета да учествува со презентација на Конгресот на ЗМСТАЛ кој се одржа на 18-20 мај 2018 година во Струга. Медицинските сестри и акушерките се важен дел од квалитетната нега и грижа за трудниците, мајките и бебињата, и поради тоа се и наши партнери.

 

На конгресот беше презентирано значењето на соработката во тимот сестра/доктор за промена кон подобар третман кон трудниците, родилките, предвреме родените бебиња и нивните семејства. Преку презентацијата огромна група на здравствени работници кои имаат секојдневен контакт со пациентите дознаа за Лулка, за нашите активности, за концептот Нега насочена кон семејството (Family centered care).

 

32968631 10155649898530847 8626431012173250560 n

 

32882584 10155649898245847 5970288348583952384 n