На 08.11.2018 година во хотел Порта во Скопје се одржа првиот состанок на Советот на родители на организацијата Лулка. 

На задоволство на сите присутни, состанокот помина одлично, со квалитетна и интересна дискусија за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат мајките, родителите, во текот на бременоста, породувањето, процесот на доење и одржување на лактацијата, како и за нивните искуства со патронажната служба. Се дискутираше за секојдневните предизвици при грижа и негување на мало дете, за несоодветните услови за движење со количка со бебе во градот и околината, за предизвиците со кои се соочуваат самохраните родители, за улогата на татковците, за достапноста на педијатрите, за градинките и за многу други теми.

Со ваша помош, овие впечатоци, искуства и дискусии нема да останат само на хартија, туку преку активностите на Советот на родители на Лулка, ќе се дефинираат проблемите, ќе се сензибилизира јавноста и ќе се работи на нивно системско решавање.

Затоа, Ве покануваме да се приклучите на Советот на родители на Лулка. Преку размена на искуства, идеи и иницијативи, активно ќе влијаеме на подобрување на целокупните услови за сите семејства, за сите трудници, мајки со бебиња, родители.

Пријавете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и на тел. број  071-356-775


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama