Светскиот ден на предвремено породување се одбележува на 17-ти Ноември секоја година, за да се подигне свеста за предвремено породување и да се подобри грижата за недоносените бебиња и нивните семејства ширум светот. Околу 15 милиони бебиња се раѓаат предвреме секоја година, или едно на секои 10 новородени. Она што ја одбележа оваа година е слоганот на одбележувањето, со кој целата кампања се приближува кон семејствата и ја промовира „негата насочена кон семејството“ (Family-centered Care).

Оваа година слоганот гласи „Да соработуваме: Партнерство со семејствата при грижата за малите и болни новороденчиња“.

Ви ги претставуваме активностите на организацијата Лулка пред и за време на Светскиот ден на предвременото породување 17-ти Ноември 2018 година. Дел од активностите беа реализирани во соработка и со поддршка од ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство од Скопје, за што искажуваме јавна благодарност. Подготвивме и Извештај за активностите на организацијата Лулка за Светскиот ден на предвременото породување.

Погледнете го нашиот извештај за активностите.

 

2018 11 13 WPD image macedonian social media EFCNI