На 07. Февруари 2018 година организацијата Лулка, заедно со уште 10-тина други пациентски организации, потпиша меморандум за соработка со Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари.
Педијатар и основач на организацијата Лулка, Др Денис Ал Кхалили повторно ќе гостува на ТВ Телма, во емисијата 0м+ со Марија. Два пати месечно во вторник, ќе разговараме за она што е значајно за здрава бременост и здрави бебиња.
Организацијата Лулка секој месец го објавува својот Електронски информатор наменет за трудници, родители и професионалци од областа на здравството.
Моменти од работилницата на EFCNI во Минхен, Германија, каде Лулка учествуваше на дводневна обука за проектот Европски стандарди за грижа за новородени (Level II Workshop on the European Standards of Care for Newborn Health project).