Грчевите на стомачето кај бебето се јавуваат во првите три месеци по раѓањето и најчесто се безопасни. Доколку мајката дои, храната која таа ја внесува при редовните оброци делува на млекото и на бебето што цица.

Некои продукти делуваат позитивно на доењето и на количеството на млеко, но има и такви кои делуваат негативно на продукцијата на млеко. Некои материи кои бебето ги внесува со млекото при цицање предизвикуваат пореметување на процесот на варење на храната и грчеви.

Во периодот додека дои, мајката треба да почитува одредени правила на исхрана, поради себе и поради бебето кое го дои. Исхраната мора да биде разновидна, да биде богата со витамини и минерали, кои ќе се конзумираат преку внес на големи количества на овошје и зеленчук, супи од зеленчук и супи од месо. Се препорачува избегнување на месни преработки како сувомеснати производи, виршли, колбаси, паштети, салами и друга конзервирана храна која во себе содржи конзерванси и адјуванси. Овие продукти преку мајчиното млеко делуваат на бебешкиот организам, прават стомачни грчеви и доведуваат до промени во празнењето на цревата на бебето.

Неправилната исхрана на мајката и прераното воведување на било каква храна или сокови во исхраната (освен мајчино млеко или млечна формула) може да резултираат со пореметување на столицата и слабо напредување на бебето. На сличен начин може да настанат и голем број алергиски реакции и атопии кај бебињата, кои се провлекуваат и понатаму во текот на животот во вид на кожни промени или астматични симптоми. Раното воведување на храна кај бебето може да биде причина и за слабокрвност кај бебето во текот на најраниот период од развојот.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama