Перзистирањето на лошите навики во кои спаѓаат цицањето на прстите, цуцли лажалки, како и цицањето на некои делови од облеката или предмети може да предизвикаат аномалии во поставеноста на забите кај децата.

Помеѓу овие лоши навики може да се вброи и потиснувањето на јазикот кон напред. Сериозни нарушувања во поставеноста на забите се јавуваат во зависност од периодот на применувањето на лошата навика, а зависат и од должината на траење на истата. Последиците од лошите навики зависат и од предодреденоста на детето да развие малоклузија.

Начинот на исхрана на детето има големо значење за појавата на лошите навики. Од 12. до 18. месец, период кога се појавуваат првите млечни молари (катници), детето треба и мора да почне со џвакање. Со никнењето на млечните заби храната што му се дава на детето треба да биде поцврста, а рефлексот на цицање треба да се замени со рефлекс за џвакање. Долготрајното јадење течна и кашеста храна развива склоност кон навика на цицање кај детето.

Цицањето на палецот е една од најчестите лоши навики која се развива во инфантилниот (доенечкиот) период. Таа често се пренесува до периодот на млечна и мешана дентиција, т.е до периодот во кој детето веќе има делумно млечни, а делумно стални заби. Кај овие деца постепено се развива таканаречен отворен загриз, односно горните предни заби се исфрлени кон напред. Оваа навика на цицање на палецот се јавува кај околу 60% од децата во доенечкиот период. Таа не се смета за лоша навика и во најголем број од случаите исчезнува до крајот на втората година од животот без да остави некакви последици. Ако навиката продолжи и трае подолго, до петтата година од животот, може да предизвика сериозни нарушувања на орофацијалниот систем.

Потиснувањето на јазикот кон напред може да предизвика појава на отворен загриз. Оваа појава настанува доколку подолго време се задржи инфантилното голтање, кое е нормално при доење или консумирање на течна храна со цуцла. Голтањето кое настанува со развивање на навиката за џвакање се нарекува соматско или зрело голтање. Кај децата кои продолжуваат со цицање на прстите или цуцлата, начинот на голтање не созрева на време и јазикот се потиснува кон напред, што по никнувањето на млечните заби предизвикува отворен загриз.

Застапеноста на орофацијалните аномалии е во постојан пораст, а причините за нивното настанување се многубројни. Значајно е да се посвети поголемо внимание за рано откривање на лошите навики и примена на сите расположливи средства за нивно елиминирање. Само на тој начин ке се овозможат правилни услови за нормален раст и развој на орофацијалниот систем на детето.

Д-р Зоран Трајчев - Доктор на стоматологија


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama