Имунитет претставува способноста на органзмот да се одбрани од микроорганизмите на кои е постојано изложен и кои се присутни насекаде околу нас. По раѓањето, имунолошкиот систем на бебето не е созреан и не е способен да се одбрани од различните микроорганизми од околината. 

Во текот на развојот на детето, преку изложување на различни непознати материи (наречени антигени), организамот создава имунолошки одговор и стекнува способност да се одбрани од штетните материи и микроорганизми кои се туѓи за него.

Во одбраната на организмот учествуваат имуни клетки (бели крвни клетки – леукоцити) и специфични протенини во крвта – антитела. Со изложување на организмот на одреден антиген, одбрамбениот систем формира одговор кој моментално го спречува ширењето на болеста. Покрај моменталниот одговор, човековиот организам создава и специфичен систем за меморирање на тој антиген, па секоја следна изложеност би резултирала со веќе подготвен и појак одбрамбен одговор.

На овој принцип се базира процесот на вакцинација. Вакцините го штитат организмот во првите години од животот кога детето е најранливо кон различните болести. Вакцината може да се аплицира со инјекција (мускулно или поткожно зависно од типот на вакцината) или преку уста во вид на капки. Вакцината содржи ослабени или мртви предизвикувачи на болести (бактерии или вируси и нивни специфични антигени). Со внесување на овие антигени во телото, организмот добива можност да изгради и меморира одбрамбен одговор без опасност од заболување, бидејќи се работи со ослабени (атенуирани) вируси и бактерии кои не предизвикуваат болест кај детето. Овој одбранбен одговор најчесто е траен и на организмот му овозможува силна одбрана од микроорганизмот за кој е примена вакцината.

 


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama