Децата меѓу две и пол или три години, по својот физички изглед и според однесувањето не се веќе како доенчињата.

Нозете им се издолжуваат и истенчуваат, а трчаат наоколу посигурно отколку пред шест месеци. Умеат говорно да се изразат и внимателно ја следат секоја сказна, сами се забавуваат, си играат со врсниците, ги контролираат органите за излачување, возат велосипед со три тркала, сами се облекуваат...

И покрај тоа што се независни, сепак имаат потреба од контрола од возрасните или од постари деца. Имаат потешкотии да го задржат вниманието подолго без помош. Затоа им се случува да минуваат од една во друга улога додека играат. Малку знаат што се случува околу нив, уште помалку имаат контрола врз случувањата. Затоа обилуваат со желби и фантазии.

На оваа возраст треба да се почитува појавената моторна латерална доминантност која е  под влијание на генетските фактори или на условите во преднаталната средина. Детето треба да се остави самото да избира со која рака ќе работи, пишува или јаде, со која нога ке шутира, со кое око ќе нишани или со кое уво ќе ослушнува.

Од здравствен аспект, кај децата од предучилишна возраст најчувствителни се органите за дишење. Најчести хронични заболувања се алергиите, астмата, хроничниот бронхитис или синуситот. Несреќите се, исто така, извор на опасност. Најчесто тие се случуваат во домот. Автомобилските несреќи се на второ место, но тие се намалуваат доколку се користи специјално седиште за доенчињата и малите деца. Индивидуите кои имале хронични или почести акутни заболувања во раното детство се изложени на поголем ризик да имаат проблеми со здравјето како возрасни.

Анета Копачева
Дипломиран педагог

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama