Кај децата меѓу втората и третата година може да се јави пелтечење. Причините може да бидат различни: можеби детето има побрза мисла од говорот, или е љубоморно на помалото бебе, или имитира некој модел на личност која пелтечи.

Ако родителите се трпеливи, смирени и имаат разбирање за детето, 9 од 10 деца кои почнале да пелтечат на оваа возраст, по неколку месеци зборуваат правилно. Пелтечењето исчезнува постепено, а повремено може да се поврати. Во ваква ситуација треба да се обезбеди релаксирана и смирена атмосфера во семејството, а детето не смее да се чувствува запоставено и заборавено. Не треба постојано да се поправа ваквиот говор и детето не треба да се  чувствува виновно. Со детето треба полека да се разговара, да се практикуваат активности кои не бараат премногу говорење и брзање и такви во кои детето има успех.

При крајот на втората година се случува децата да кажуваат големи лаги. Ако се плод на фантазијата, тие се јавиле природно и преку разговор со него, детето претерувањата ќе ги сведе во нормални граници. Ако детето измислува за да избегне неприлика, тогаш тоа најчесто се поучило од лошиот пример на некој друг. Добро е од детето да се бара да ја каже вистината и да ја признае грешката. Грешките не треба да се казнуваат, а нивното признавање треба да се награди. Ако детето пцуе и употребува непристојни зборови, тогаш тие треба да се игнорираат. Детето ќе престане да ги употребува бидејќи со нив нема да постигне никаков ефект.

Анета Копачева
Дипломиран педагог

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama