Поимот за себе е начинот на кој едно лице се гледа себеси. Тоа е личното чувство за својот идентитет кој вклучува физички и психолошки својства.

Детето на возраст помеѓу 12-иот и 24-иот месец почнува да го развива различното ЈАС од другите. Развојот продолжува и меѓу 2-та и 6-тата година и тогаш поимот за себе е заснован врз конкретни податоци.

На оваа возраст не може да се рече дека детето има или нема почит кон себе. Тоа може да има добро или лошо мислење за своите способности да изврши некоја конкретна задача. Почитта кон себе во поопшта смисла се јавува околу 7-та година.

Почитта кон себе е поголема колку што е помала разликата помеѓу она што детето е, и она што сака да биде, и обратно. Родителите кои ги сакаат децата такви какви што се, имат поголема почит кон себе. Ако децата се сакани од родителите заради остварување на некои нивни очекувања, тогаш кога децата не успеваат во тоа се јавува расчекор меѓу нивниот идеал и остварувањата, и тие ја губат поддршката од родителите. Почитта кон себе тогаш паѓа и детето е депримирано.

Од каде потекнуваат разликите во самопочитувањето? Што детето ќе вреднува кај себе зависи од тоа што родителите и врсниците вреднуваат кај него. Постојат норми за убавина, некои го вреднуваат училишниот успех, други спортскиот... Но и категоријата во која детето е ставено од најблиските (на пример, со љубов му се повторува колку е убаво и паметно) определува како детето ќе се почитува себеси. Создадениот внатрешен модел за својата вредност опстојува бидејќи детето ќе продолжи да бира искуства кои го потврдуваат и поддржуваат неговиот поим за себе, но и заради постојаноста на односот на социјалната средина кон него.

 

Анета Копачева
Дипломиран педагог

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama