Крвната група претставува карактеристика на секоја индивидуа. Индивидуите со различни крвни групи меѓусебно се разликуваат според постоењето на специфичен протеин (антиген) на површината на црвените крвни клетки.

Постојат 4 крвни групи, а нивното наследување се одвива по определена шема и зависи од крвните групи на родителите на детето.

Секоја индивидуа е носител на некоја од четирите крвни групи: А, Б, АБ и О (нулта). Кај секој поединец, крвната група ја определуваат два сегменти во генетскиот материјал. Овие сегменти се наследуваат од двата родители, еден од мајката и еден од таткото. Овие сегменти и комбинациите помеѓу нив ја даваат крвната група на поединецот.

Крвната група А според генетскиот материјал може да има форма АО или АА. Секој од овие два сегменти е наследен од по еден родител. Крвната група Б може да има форма БО или ББ. Групата АБ секогаш е со форма АБ, а нулта група секогаш се состои од ОО.

При наследувањето, во секоја полова клетка (сперматозоид или јајце клетка) оди по еден сегмент од овие два. Доколку бебето од своите родители наследи две А компоненти, или од едниот А и од другиот О тогаш ќе биде крвна група А. Доколку наследи ББ или БО ќе биде крвна група Б. Доколку од двајцата родители наследи А и Б, сигурно ќе биде АБ, а доколку наследи две нули, ќе биде крвна група О (нулта).

Постојат и некои комбинации кои не се можни, и некои други кои ги изненадуваат родителите во врска со крвната група на бебето. На пример, од мајка со крвна група А и татко со крвна група Б се раѓа дете со група О. Ова е можно бидејќи мајката и таткото биле со состав АО и БО последователно, па кај бебето отишла по една нула од двата родители. Доколку еден од родителите е АБ, не е можно бебето да биде О, бидејќи од тој родител ќе добие или А или Б, а никако О.

Долго време по откривањето на крвните групи и начинот на кој се наследуваат, оваа шема се користела за откривање на патернитетот, т.е. за докажување на крвната врска на бебето со таткото. Денес овие испитувања се вршат со понови, посовремени методи, како што е DNK анализата.

 


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama