Историски гледано, првите облици на детска игра се јавиле истовремено со самото воспитување. Оттогаш тие меѓусебно и взаемно се условувале. 

Самата игра има општествени корени и по својата природа е социјална појава. Играта не се јавува под влијание на внатрешните вродени инстинкти, туку е определена од општествените услови во кои живее детето.

Преку играњето предучилишното дете ги задоволува имагинативно незадоволените желби и потреби. Детето во своите игри го реконструира она што го прават возрасните околу него, се обидува да ги свати нивните односи. Во текот на психичкиот развој на детето се создаваат предуслови и потреба од нов вид на активности кои се посложени од претходните. 

Играта произлегува од суштината на човековата природа, но истовремено придонесува таа да се оствари. Со играњето, детето по пат на имагинација постепено ги усвојува обноските на возрасните, измислува, замислува, фантазира, притоа правејќи нови комбинации со елементите кои му ги нуди реалноста. Човекот се развива затоа што може да си замисли, да сака и да се обиде да биде поинаков, да биде нешто друго, различно од она што се другите и од она што е тој самиот. Значи, преку играњето детето не само што се приспособува кон постојната култура, туку и повеќе од тоа: играњето овозможува да се пристапи кон создавање други култури, поинакви од општествените системи. Како е тоа можно?

Играњето е значајна активност која му овозможува на предучилишното дете да гради повисоки и посложени психички процеси. Додека детето игра, тоа е над својата просечна возраст, како да е за глава повисоко од себе. Играта е водечки фактор и извор за развој на предучилишното дете, бидејќи играта ја создава т.н. зона на наследниот развој (Виготски, 1976). Тоа што играта е вид на активност од зоната на наследниот развој значи дека таа е можна само ако возрасниот му помага на детето во нејзината изведба.

Всушност, станува збор за едно суштествено својство на развојот, а тоа е дека новите психички функции (функции од повисок ред) никнуваат во рамките на интеракцијата на детето со возрасните, а потоа детето преку игра ги развива и ги усвојува како дел од себе. Детето преку играњето постепено повнатрешнува дел од општествената стварност и таа постепено станува дел од неговата ментална структура, т.е. личност.

Преку играта детето се самозапознава себеси. Преку играњето децата не само што создаваат правила со кои ги регулираат меѓусебните односи, туку тука лежат и темелите на идните нови општествени односи !

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama