Доењето е најприроден и најдобар начин на исхрана на доенчето.

Доењето е најдобро за доенчето затоа што во првите 6 месеци од животот мајчиното млеко ги задоволува сите потреби на доенчето за правилен раст и развој. По навршување на 6 месечна возраст доењето станува дел од мешовитата исхрана. Доењето се препорачува да трае барем до навршена 1 година, па и понатаму додека и мајката и детето го сакаат тоа.

Во случаите кога мајката од објективни причини не може да дои, кога доенчето заостанува во тежина, при патолошки причини (болести) кои бараат да се прекине доењето, кога доењето и покрај ангажирањето на мајката не е успешно, кај предвремено родените деца кои поминуваат подолго време во инкубатор и сл, најдобра замена за мајчиното млеко е високо адаптираната млечна формула наспроти кравјото млеко. 

Доколку не доите, или го дохранувате Вашето бебе со адаптирано млеко значајно е да разликувате:

  • Почетна млечна формула за доенчиња, која се употребува од раѓање до навршени 6 месеци, и
  • Преодна млечна формула за доенчиња која се употребува по навршување на 6 месеци.

М-р. Д-р. Ангелчо Андоновски


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama