Играчките претставуваат материјален дел од играта. Тие се значајни предмети за детето со чија помош во текот на играњето тоа ги остварува своите замисли и потреби. Меѓутоа, она што за едно дете е играчка, не мора да биде и за сите други.

alt

Има кукли по полиците, но тие може да бидат дел од нечија колекција со кукли, потоа има механотехнички играчки кои служат како образовни средства и сл. Со други зборови, може да се случи некој предмет да е направен да служи за играње, но ако тој се употребува во други цели, тогаш не претставува играчка. Значи, играчката е оној предмет што е направен за играње и кој се употребува во играта. Според тоа, играчка не е секој предмет изработен за да му користи на детето во игрите.

Но играчката не е само предмет што служи за играње. Таа е повеќе од тоа: детето нејзе и придава својства на жив и мил соиграч, ја носи секаде со себе како најверен другар, и ги доверува своите тајни, но и ја заштитува. Преку играчката, истотака, детето се дружи и полесно контактира со другите деца и со возрасните, таа буди нови чувства и ја поттикнува комуникацијата.

За играчката, исто така, со право може да се каже дека е алат на детството. Таа е педагошки посредник за психофизичкиот развој на детето. Самото играње со неа е учење сватено во поширока смисла на зборот. Преку неа детето ги запознава својствата на предметите, материјалниот свет, ги вежба своите сетила, ги развива и ги запознава своите способности. Воопшто играчките го прошируваат перцептивно-моторичкото, афективното, сознајното, експресивното и конативното искуство.

Анета Копачева - Дипломиран педагог


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama