Оспособувајќи го за самостојно снаоѓање во средината, за решавање на животните задачи и проблеми, преку вклучување  во активности соодветни за неговата возраст, за самостојно одлучување и прифаќање на одговорноста за своето однесување, мајката изградува кај детето независна зрела личност. Со тоа постепено ја намалува и емоционалната зависност на детето од неа. 

Храбрејќи го детето за самостоен пат во животот, мајката му овозможува на своето дете и внатрешна слобода, духовна независност и оружје за правилно разрешување на судирите со проблемите на кои наидува во животот. Со осомостојувањето на детето и со оспособувањето за врски со другите луѓе е исполнет и вториот услов за психолошко мајчинство. 

Мајката има две контрадикторни улоги-да го приврзе детето за себе со љубов и грижа, но и да го оддалечи осамостојувајќи го и подготвувајќи го за поврзување со другите од неговата социјална средина, кои се основен услов за здрав душевен развој на детето,  ја чинат содржината на мајчинството во психолошка смисла. Биолошката мајка треба да биде мајка и во психолошка смисла.Таа е жена со многу љубов кон детето, здрава, зрела, емотивно урамнотежена личност, која одлуката да роди дете ја базирала на здрава мотивација и има природен став кон детето, што е и првиот и основен услов за нормален ран развоен период на детето. 

 

 


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama