Тоа што го прави детето среќно може да е изненадување за вас. Експертите за детски развој кои го изучуваат овој предмет велат дека среќата не е нешто што можете да му го дадете како убаво завиткан подарок.

Тоа што го прави детето среќно може да е изненадување за вас. Експертите за детски развој кои го изучуваат овој предмет велат дека среќата не е нешто што можете да му го дадете како убаво завиткан подарок.

Психијатрите сметаат дека децата на кои се им е удоволено, деца кои се пренатрупани од играчки, кои се секогаш емотивно заштитени, имаат поголема веројатноста да прераснат во тинејџери на кои секогаш им е досадно, стануваат цинични и незадоволни.

Најдобрите показатели на среќата се внатрешни, а не надворешни. Добра вест е тоа  дека не мора да сте експерт за детска психологија за да ја пренесете внатрешната сила и мудроста за тоа дека животот секогаш има свои подеми и падови. Со трпеливост и флексибилност секој родител може да им ги постави темелите за среќен живот на своите деца.

Научете се да ги препознавате знаците на вашето дете

Кога вашето дете  беше бебе, вие повеќе имавте претстава за тоа дали е среќно или тажно. На неговото лице имаше голема насмевка тогаш кога вие ќе се вратевте дома, и се смееше без престан кога заедно си игравте со неговата омилена играчка. Сега кога детето е постаро, неговите емоции стануваат покомплексни, но и способноста  да се справи со нив станува поголема. Сеуште, надворешните знаци  за тоа дали е среќно или тажно не се тешки за препознавање. Среќното дете се смее, си игра, покажува љубопитност, се социјализира со другите деца и не му е потребна дополнителна стимулација. Уште поважно, и знаците кои укажуваат дека вашето дете е несреќно се јасни. Детето е повлечено, тивко, губи апетит, не одговара кога некој разговара со него, не возвраќа кога некој ќе му се насмевне и има доза на резервираност во говорот.
 
Доколку вашето дете е срамежливо и интровертно дете по природа кое не се смее и не влегува во интеракции, тоа не мора да значи дека е несреќно. Срамежливоста не е едно исто со тагата, но сепак ќе мора да се потрудите да ги препознаете знаците на среќа кај вашето дете.
 
Ако забележите дека има мали промени во неговото однесување, доколку се изолира или почне да се плаши, тоа може да значи дека има некои проблеми на кои треба да им посветите поголемо внимание.
Повеќето родители сметаат дека страшливите и децата кои лесно се вознемируваат не се несреќни, додека пак многу родители не можат да препознаат дека нивното луто дете всушност крие тага. Без разлика на годините, лутината е прекумерена доза на болка. Кога вашето дете го удира или му го подигнува тонот на своето братче и му вели дека го мрази, тоа значи дека со тоа ја прикрива својата немоќ да се соочи или да ја изрази  својата тага и лутина. И вашето дете најверојатно има свои начини со кои ја изразува лутината во тешките мигови. Некои деца  може да се повлечат, некои да го истурат бесот, додека пак трети стануваат наметливи. Колку повеќе ќе го учите темпераментот на вашето дете, толку подобро ќе ги препознавате знаците за тоа дека нешто не е во ред со него.