Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за наталитетот во Македонија.

Па така, вкупниот број на родени деца изнесува 22.972. Од нив 22.770 се живородени, а 202 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2011, во споредба со претходната година е намален за 1.526 деца или за 6.3%. Зголемен е бројот на машки деца, кои сочинуваат 51,6% од сите новородени. Одтука, на секои 100 живородени женски деца, се раѓаат 106.7 машки.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 35.3% се живородени деца од мајки на возраст од 25-29 години. Потоа следуваат мајки на возраст од 20-24 години со 24.6%, па мајките од 30 до 34 години со 24.3% итн. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28.0 години, а 26.2 години на првите раѓања. Овде се забележува благ пораст на возраста во однос на претходната година.

Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1984 година. Во 2011 година се регистрирани 23 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.651 дете, т.е. 11.5% од вкупниот број живородени деца се вонбрачни.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama