Претерано заштитничките родители сакаат да ги заштитат свoите деца од повреда, болка, несреќа, лоши искуства и одбивање, од чувства кои би можело да ги повредат, од неуспех и разочарувања.

Кога ќе го прочитате, на прв поглед ова e за восхит, но погледнете поблизу и размислете за тоа кои се искуства им се скратени на децата.

Претерано заштитничките родители честопати ги лишуваат своите деца од можноста да искусат нови активности, како на пример, радооста кога се искачуваш некаде или авантуристичкиот ризик на лулкашките или на игралиште. Многу спортски активности им се забранети на овие деца, а ваквите активности секогаш се пропратени со социјализирачки момент и можност детето да се здобие со социјална компетентност. 

Она што голем број претерано заштитнички родители не успеваат да го видат е дека нивните сопствени стравови од детството ги преживуваат сега, преку нивните деца, притоа креирајќи нова генерација на живот исполнет со стравовите кои биле нивни.

На претерано заштитничките родители им е тешко своите реални стравови да им ги признаат на децата. Овие стравови се реални и стануваат очигледни преку искази кои ги вклучуваат зборовите „Внимавај!“ или „Биди внимателен!“

„Внимавај, ќе паднеш!“ (на игралиште), „Биди внимателен, ќе се удриш!“ (додека вози велоспиед)

Презаштитничките родители предвидуваат страв во голем број ситуации, и со тоа што им го наметнуваат својот страв на нивните деца, создаваат нервозни, емотивно незрели деца кои се исполенти со страв.

Ваквите родители создаваат подолготрајни состојби од кои детето се бори да избега, но на крајот тоа нема излез бидејќи стравот станал дел од еден шаблон, начин на кој размислува детето.

Овој тип на родителство не е ефективен и не успева кај детето да ги втемели вредностите и доблестите како што се одговорност, храброст, самодоверба, самопочит.

Презаштитничкото родителство им испраќа порака на децата дека ним не може да им се верува и дека се неспособни да се снајдат во највообичаените активности во кои другите деца се снаоѓаат со леснотија.

Каква порака!

Во последниве години излезе едно ново име кое ги опишува родителите кои постојано ги заштитуваат своите деца, особено кога ќе навлезат во образовниот систем: 

Така се наречени бидејќи бдеат над своите деца, ретко пуштајќи ги од вид или од рака. За децата кои растат и сфаќаат, срамот предизвикан од „хеликоптерското“ однесување на нивните родители може да биде мачен.

Ако се препознаете како исплашен родител, презаштитнички настроен, родител кој постојано лебди над своето дете, обидете се да добиете професионална помош за да откриете каде е основата на вашиот шаблон.

Можеби нема да можете да го промените вашето минато, но сигурно ќе можете да направите промени за вашата иднина и за иднината на вашето дете.

„Мојата најмала ќерка го возеше велосипедот по неколку километри до училиште кога имаше 9 години. Одбра да вози со група поголеми деца и секогаш со самодоверба уживаше во ваквото искуство.“

Група мајки кои ги возеа со автомобил своите дца до училиште, еден ден ми се спротивставија и ме прашаа дали сметам дека е паметно ќерка ми да вози велосипед со оглед на тоа дека вози по сообраќај. Се почуствував засрамено и почнав да се прашувам дали тоа беше паметна одлука, и покрај тоа што заедно честопати сме го поминувале истиот пат и честопати отворено сме разговарале за правилно возење велосипед.

Очигледно, сето ова се претвори во страв и немир. Така беше доживеано и од страна на ќерка ми, бидејќи еднаш ми рече: „Мамо, секогаш уживав додека одев во училиште со велосипед, но сега не се чувствувам безбедна повеќе  затоа што ти се грижиш“.

Паметно дете! Се разбира, се ослободив од моите стравови, а неа и го повратив чувството на доверба и одговорност. Продолжи да вози велосипед до училиште уште многу години без ниту една несреќа.

Од моментот кога ќе се родат, децата го започнуваат својот пат до независноста. Од овде произлегува фактот дека  од тој момент родителите го почнуваат патот на „пуштањето“!  

Охрабрете го вашето дете:

Со тоа што ќе ги охрабрите да истражуваат, освојуваат, да се искачуваат и да усовршуваат нови активности, вие им ги „подавате“ алатките за одлично растење и учење, и за нив и за вас како родители.

За да станат одговорни, самоуверени, сигурни, независни ворасни личности, на децата им е потребна можност да ја истражат околината и физички и емоционално, без постојано плеткање од страна на нивните родители.

Честопати ќе почувствуваме страв додека ги гледаме нашите деца како си играат на игралиште или на лулашки, качувајќи се, или додека учат да пливаат или скијаат, но ова не треба да им биде пренесено како страв.

Пуштете...

Пуштете ги и дозволете им на вашите деца да паднат, да направат грешка, да доживеат одбивање, да почувствуваат љубомора и да претрпат пораз.

Пуштете ги и гледајте ги како растат во самодоверба, вештина, одговорност и емоционална интелигенција додека учат од сето она што животот им го нуди.

Пуштете го шаблонот на презаштитнички настроен родител и најдете конструктивни начини да се ослободите од вашите стравови, пред да им ги пренесете на вашите деца. Побарајте и професионална помош ако вашиот страв е акутен.

 

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama