Што е рамно стапало? Рамното стапало (Pes planus) - 'dus taban' е најчест деформитет на стапалото и всушност преставува губење на физиолошките сводови на стапалото. Во однос на настанување,  рамното стапало може да биде вродено и стекнато.

Стекнатото рамно стапало се манифестира во повеќе облици:

  • лажно рамно стапало - кај децата до 2-3 години имаме лажен наод на рамно стапало поради насобраното масно ткиво (масни перничиња).
  • флексибилно рамно стапало - кое настанува само при физичко оптеретување и е без пречки во функцијата на стапалото.
  • право рамно стапало  -каде што имаме структурни промени на коскенозглобниот систем со последвателни функционални пречки во движењето.

Доколку овие состојби навремено не се воочат и дијагностицираат, а со тоа да се спроведе и соодветен третман, последиците се чувствуваат во поодмината возраст кога можностите за терапија и корекција се намалени.

Што чувствуваат индивидуите кои имаат стекнато рамно стапало?

  • Болки во самото стапало и подколено поради истегнување на мускулите и лигаментите, при поголем физички напор.
  • Болки во лумбо-сакралниот дел (половината) поради нарушената статика на телото и можноста за развивање на деформитет на р’бетниот столб.
  • Брзо заморување при стоење и одење.
  • Главоболка и нелагодност .
  • Проблеми со циркулацијата и често создавање на отоци околу скочниот зглоб.
  • Зголемено потење на стапалата и вазомоторни пречки со чувството за студ.

Најчести причини за настанување на стекнато рамно стапало се :

  • Носење на тврди ригидни чевли кои оневозможуваат нормално функционирање/контрахирање на мускулите на стапалото.
  • Нагло зголемување на телесната тежина.
  • Носење или кревање на тешки предмети(професионално).
  • Слабеење на мускулатурата која ги образува сводовите на стапалото (долга имобилизација, анемија, траума, нагло слабеење и сл.). 

Терапијата за стекнато рамно стапалото се состои од кинезитерапија која може да биде потпомогната со користење на ортопедска влошка со соодветно повишување. Многу е погрешен ставот дека само со користењето на ортопедски чевли може да се постигне превенција и корекција на рамните стапала.

Кинезиотерапија на рамно стапало

Целта на кинезитерапијата кај рамното стапало е да се воспостави нормална еластичност и подвижност на стапалото со јакнење на мускулатурата која што е значајна за формирање и одржување на физиолошките сводови  на стапалото.

Вежбите се изведуваат со сетот сочинет од две полутопки и ролна со боцкава површина. Внатрешноста на полутопките и на ролната е исполнета со воздух, при пто со вежбањето се совладува отпорот, а боцкавата надворешна површина предизвикува сензо-моторна стимулација. Кинезитерапијата на рамните стапала е единствениот начин да се овозможи превенција и трајна корекција на сводовите на стапалото. 

Се зајакнуваат мускулите, се подобрува координацијата и балансот на телото, а сето тоа претставува одлична превенција на деформитетите на рбетниот столб (кифоза, сколиоза, лордоза) и на деформитетите на колената.

ВЕЖБАЈТЕ И ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ ДЕЦА, ВАШИТЕ ЗДРАВИ СТАПАЛА ЌЕ ВИ  БИДАТ БЛАГОДАРНИ.

 

Др. Билјана Трајанова Здравковска – Медикус Хелп 

 

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama