Кога се зборува за депресија по раѓањето на детето често се заборава на таткото во таа приказна. Студиите покажуваат дека 10% од татковците патат од депресија по раѓањето на детето, независно од тоа дали и мајката страда од постпартална депресија или не.

Причините за настанување на депресијата кај мажите и кај жените се различни. Мажите може да чувствуваат дека финансиската одговорност е на нивниот грб. Можно е да се чувствувате лошо бидејќи сте се навикнале на поразличен живот, а сега наместо забави, излегување, треба да седите дома и да се грижите за бебето. Можеби ве загрижува тоа дали ќе бидете добар татко. Можеби само ви недостига сопругата која сега поминува повеќе време со бебето отколку со вас.

Не се колебајте дали да побарате медицинска помош доколку не можете сами да го решите проблемот. Ако вашата депресија трае подолго од неколку недели, пропратена е со поспаност, губење на апетит, чувство на безнадежност и беспомошност или агресивно однесување, итно побарајте медицинска помош.

Многу е важно да останете блиски со партнерот. Некои ситници може да направат таткото да се почувствува неспособен или како аутсајдер. Двајцата родители мора да чувствуваат поддршка, добредојде и да имаат таков однос за да се охрабрат еден со друг во секоја ситуација, заради себе  и заради односот со бебето.