Родителството менува сѐ... особено кога се случува неочекувано и доаѓа во двојка. По многу години надевање дека ќе станат родители и страдање поради проблеми со плодноста, Бил Клајн и Д-р Џенифер Арнолд радосно го пречекаа посвоениот син Вил од Кина и сега екслкузивно им кажуваат на луѓето дека ќе посвојат 19-месечно девојче од Индија по име Зои.

„Презадоволни сме што Зои ќе му се приклучи на нашето семејство и што Вилијам ќе има сестра наскоро.“ рекоа Арнолд и Клајн во една ексклузивна изјава за PEOPLE. Иако Зои - која исто така има форма на џуџест раст како нејзините родители посвоители и нејзиниот иден брат Вил - е официјално нивна ќерка, парот чека за финални одобренија и дати да бидат утврдени за да може да ја донесат дома. Откако се венчале, Клајн, 38, и Арнолд, 39 се надевале дека ќе посвојат дете со посебни потреби поради нивното сопствено искуство со џуџестиот раст. „Се справуваме со многу предрасуди и предизвици,“ вели Арнолд. „ Многу сум среќна што го имам овој прекрасен живот.“ И двајцата велат дека причината поради која го прават шоуто е да им помогнат на другите да ги разберат луѓето со џуџест раст. „Едно мало девојче ми пријде во продавница и ми кажа, 'Ти си мала личност,' што е и очигледно, па јас ѝ одговорив, 'Да, така е, ти благодарам многу,'“ вели Арнолд. „Имаме можност да ја подигнеме свеста, а тоа е прекрасно.“ 

Родителството, дамнешен сон за Арнолд и Клајн, е нешто за кое тие велат дека се подготвени повеќе од кога и да е. „Сакав да бидеме родители пред да бидеме престари за да уживаме во родителството,“ вели Арнолд низ смеа.