Апетитот на децата е мистерија, главоболка на секој родител, особено на мајките, кои секако сакаат детето да биде здраво, да јаде здрава храна и да има добар апетит. Децата некогаш јадат повеќе, некогаш помалку, одреден период преферираат едни продукти, за по некое време да се промени афинитетот на детето и да почне да го одбва она што до неодамна било одличен оброк.

Погледнете ја емисијата 0м+ на ТВ Телма, во која Др Денис Ал Кхалили разговара за исхраната кај децата, како да се поттикне апетитот, зошто се случуваат овие промени во исхраната и како мајката да биде задоволна со она што детето го јаде.