Да. Откривањето на моментот на овулација е особено важно кај оние жени кои сакаат да забременат, а имаат нередовна менструација. Во обата јајници, во текот на секој менструален циклус созреваат повеќе фоликули истовремено.

Секој од нив содржи по една јајце-клетка. Иако има повеќе фоликули, најчесто само еден од нив ослободува јајце клетка. На средината на циклусот најголемиот од фоликулите прска (тој е наречен Графов фоликул). Од него се ослободува јајце-клетката од која ќе се развие идното бебе. Ова вообичаено се случува четиринаесет дена од почетокот на последната менструација.
Моментот на овулација може да се утврди на повеќе начини. Кај некои жени е потврдена лесна нелагодност која вообичаено настапува кон средината на менструалниот циклус. Овие тегоби се поклопуваат со моментот на овулација. Овулацијата, исто така, може да се открие и со мерење на базалната температура, а за попрецизно утврдување на овулацијата постојат и таканаречени овулаторни китови – сет со кој може да се утврди дали настанала овулацијата.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama