За да забремени жената, неоходно е по овулацијата нејзината јајце-клетка да биде оплодена и да се вгнезди во ѕидот на матката. Зачнувањето на бебето може да биде успешно само во определен период од месечниот циклус.

Оплодувањето е можно доколку имате односи со партнерот во текот на два – три дена околу периодот на овулација. Под овулација се подразбира моментот на ослободување на јајцеклетка од јајникот на жената. Тоа кај најголемиот број жени се случува околу 14-тиот ден од почетокот на последната менструација.
Сепак, во текот на првата година откога ќе решите да правите бебе, Ви препорачуваме нормално водење љубов преку еден ден, без да се оптоварувате дали сте успеале да останете бремени или останува следната овулација. Најголем број од паровите на ваков начин успеваат да зачнат бебе во текот на една година.