Истовремено со испитувањата на репродуктивниот систем кај жената, неопходно е испитување на сперматогенезата (создавањето на сперматозоиди) кај мажот.

Најчести пореметувања на сперматогенезата кои се причина за неплодност се:

· Олигозооспермија –намален број на сперматозоиди кој е недоволен за нормално зачнување и забременување

· Азооспермија – претставува недостаток од сперматозоиди во семената течност

Спермограм или анализа на спермата е иницијален тест за испитување на наплодноста кај мажот. Овој тест се изведува по тродневно апстинирање од сексуални активности. Доколку се утврди проблем тестот се повторува по 6 недели. Пореметувањата на спермограмот претставуваат сигнал дека треба што поскоро да се започне со сериозно испитување и со процедура за асистирана репродукација.

Понатамошното испитување на неплодноста кај мажот вклучува анализа на хормоналниот статус, одредување на генетскиот материјал на мажот (кариотип) и биопсија за утврдување на состојбата со тестисите.

{qtube vid:=7kM_kRPrcrk}


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama