Спермограмот претставува микроскопска анализа на семената течност на мажот. Примерок за анализа се зема после апстиненција од три дена. Основната лабораториска анализата на спермата испитува четири параметри.

Волумен

Нормалната количина на ејакулат се движи од 2 – 5 mL. При појава на помала количина на семена течност, најчесто станува збор за неправилно собирање на примерокот и тестот треба да се повтори.

Број на сперматозоиди

Бројот на сперматозоиди има големо значење за плодноста на мажот. Тој број треба да биде поголем од 20 милиони клетки на mL. Често, помал број сперматозоиди се јавува кај мажите кои прележале некое акутно заболување во последните два масеци, потоа при злоупотреба на алкохол и дрога и од разни други причини. Во случај на намален број сперматозоиди неопходно е да се направи повторна анализа по одредено време. Доколку спермограмот утврди број на сперматозоиди под 10 милиони на mL, пожелно е да се обратите во центрите за асистирана репродукција.

Подвижност

Во нормални услови над 50 % од сперматозоидите се активно подвижни. Доколку спермограмот открие намалена подвижност на сперматозоидите, треба да се утврди причината за оваа појава.

Форма

Во спермограмот се забележуваат повеќе варијации на формата на сперматозоидите. Од формата зависи способноста на сперматозоидите да пливаат во семената течност, да стигнат до јајцеводот и да ја оплодат јајце-клетката. Дури и нормалниот спермограм содржи голем број сперматозоиди со атипична форма. Утврдено е дека нормалната функција и фертилитет се постигнуваат доколку во семената течност има над 15% сперматозоиди со нормална форма.

{qtube vid:=7kM_kRPrcrk}  {qtube vid:=PowuqLHsgXA}

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama