Поддршката на предвремено родените бебиња, деца и нивните семејства е еден од трите главни фокуси на организацијата ЛУЛКА. Организацијата Лулка е дел од пан-европска мрежа на родителски организации под покровителство на фондацијата EFCNI (Европска фондација за грижа за новородени) со седиште во Германија.

 

Преку нашата Платформа ПремНова овозможуваме слободна комуникација со родителите и другите засегнати фактори и ги поддржуваме во нивната битка, во текот на престојот на бебето во болница и по доаѓањето дома.

Погледнете ги активностите на Платформата ПремНова на Facebook и придружете се доколку имате предвремено породување и/или предвреме родено дете. Во текот на октомври 2016 година организацијата Лулка спроведе неформално истражување преку анонимен прашалник наменет за сите родители кои имале предвремено породување. Резултатите од прашалникот беа презентирани на Панел-дискусијата по повод 17-ти Ноември. Организацијата Лулка организираше и прес-конференција каде ја информираше јавноста за досегашните и идни активности за поддршка на родителите кои имаат предвреме родено бебе.

17-ти Ноември е ден на овие родители, на овие бебиња, на овие семејства.