
Во сабота на 17-ти Ноември, на Светскиот ден на прематуритетот, пред книжарницата Култура на Плоштад Македонија ќе се организира добротворна продажба на книгата Предвреме родени – Дневник на стравот и надежта од Оливера Живаљевиќ.
Во периодот помеѓу 11 и 14 часот волонтери на клубот ПремНова - клуб на родители на предвремено родени деца, на минувачите ќе им делат флаери и едукативен материјал во врска со предвременото породување.
Ќе бидат промовирани симболите на Светскиот ден на прематуритетот, со помош на кои ПремНова континуирано ќе го потенцира значењето на превенцијата, едукацијата и поддршката која им е потребна на бремените жени и на семејствата кои имаат предвремено родено дете.
Ве покануваме да дојдете во Сабота во книжарата на Култура на Плоштад Македонија, да го поддржите клубот на родители ПремНова и да научите нешто повеќе за предвременото породување и за активностите на клубот.
{jcomments on}