Светскиот ден на предвремено породување се одбележува на 17-ти Ноември секоја година, за да се подигне свеста за предвремено породување и да се подобри грижата за недоносените бебиња и нивните семејства ширум светот. Околу 15 милиони бебиња се раѓаат предвреме секоја година, или едно на секои 10 новородени. Она што ја одбележа оваа година е слоганот на одбележувањето, со кој целата кампања се приближува кон семејствата и ја промовира „негата насочена кон семејството“ (Family-centered Care).

Секоја година во светот 15 милиони бебиња се раѓаат предвремено. Во Македонија 16 % од сите раѓања се предвремени, т.е. пред 37 гестациска недела.

Светскиот ден на предвременото породување е можност да се обрне внимание на тежината на овој проблем, поврзан со смрт и инвалидитет и на болката и страдањето кое го предизвикува предвремено породување за родителите и најблиското семејство.

Скопје, 14.05.2014 - Во Европа, едно од секои 10 новородени бебиња се раѓа предвреме, односно 500.000 бебиња секоја година.

Поддршката на предвремено родените бебиња, деца и нивните семејства е еден од трите главни фокуси на организацијата ЛУЛКА. Организацијата Лулка е дел од пан-европска мрежа на родителски организации под покровителство на фондацијата EFCNI (Европска фондација за грижа за новородени) со седиште во Германија.

Скопје, 09.04.2014 - Секоја година, 15 милиони бебиња се раѓаат пред очекуваниот термин. За жал, над 1 милион од овие бебиња умираат, а многу повеќе се соочуваат со сериозни и доживотни здравствени проблеми. Предвременото породување е проблем кој може да му се случи на секој од нас, независно од земјата во која живееме, нашата култура или социоекономскиот статус.