Интервју со д-р Денис Ал Кхалили: 16 години поддршка за трудниците, родителите и предвреме родените бебиња
Во пресрет на 17 Ноември – Светскиот ден на предвременото породување – разговараме со д-р Денис Ал Кхалили, претседател на Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“. Веќе 16 години оваа организација претставува значаен столб во поддршката на трудниците, родителите и семејствата кои се соочуваат со предвремено породување. Во ова интервју зборуваме за значењето на Светскиот ден на предвременото породување, за организацијата Лулка, за успесите, предизвиците и приоритетите во неонаталната нега во Македонија.









