Лулка – Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Скопје е невладина и непрофитна организација која е основана во Јуни 2009 година.
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ
Лулка – Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца - Скопје
Датум на основање на здружението: 27.06.2009 год.
Депонент: Комерцијална Банка АД Скопје
Денарска сметка: 300000004536823
Девизна сметка: /
Интернет страна: http://lulka.org
Facebook ЛУЛКА - Официјална страна на организацијата
Facebook ЛУЛКА ПРЕМА - Платформа за поддршка на предвремено родените бебиња, нивните семејства и професионалците кои работат со оваа популација
ШТО РАБОТИМЕ...
Денес организацијата Лулка е препознатлива по континуираната, стабилна и системска поддршка која ја дава на семејствата. Лулка работи на едукација на младите луѓе, подобрување на нивните родителски вештини, знаења од областа на јавното здравје и превенцијата, правилната исхрана, нега и воспитување на децата, доење и многу други теми.
Организацијата Лулка е застапник (endorser) на WABA во Република Македонија, глобална организација за заштита, промоција и поддршка на доењето.
Во партнерство со EFCNI – Европската фондација за грижа за новородени Лулка се занимава со подобрување на условите за нега и следење на предвреме родените бебиња и деца. На национално ниво, секоја година организацијата Лулка ги одбележува Светската недела на доењето и Светскиот ден на предвременото породување во Македонија.
Лулка денес работи во три програмски насоки:
- Поддршка на граѓаните во текот на бременоста и породувањето;
- Промоција, заштита и поддршка на доењето во Р. Македонија;
- Подобрување на условите за предвремено родените бебиња и поддршка на семејствата кои имаат предвреме родено бебе/дете.
НАШАТА МИСИЈА