Кардиотокографија или CTG претставува метода за истовремено следење на феталната срцева акција и контракциите на матката во текот на бременоста, поточно, во третото тромесечие од бременоста. Апаратот со кој се врши ова испитување се нарекува и електронски фетален монитор. CTG се користи за откривање и идентификување на пореметувањата на фетусот во третиот триместар од бременоста.

Во текот на снимањето, со две различни сонди истовремено се следи срцевата работа на фетусот и контракциите на матката. Ултразвучната срцева сонда, слична на сондата на доплер мониторот, се поставува одозгора кај што е срцето на плодот. Другата сонда која е осетлива на притисокот на контракциите на матката врши индиректно мерење на интраутериниот притисок.

CTG мерењето дава графички приказ на хартија или се зачувува на компјутер за понатамошно следење и евалуација.

Кардиотокографијата се користи за регистрирање на четири параметри. Се испитуваат контракциите на матката и три мерки поврзани со работата на срцето на бебето: фреквенција, основната стапка и променливоста, т.е забрзувањата и забавувањата на срцевата работа на фетусот. Мониторирањето на состојбата на фетусот со CTG во третиот триместар се нарекува нон–стрес тест CTG. Користењето на фетален мониторинг за време на породувањето се нарекува стрес тест CTG.

Со анализирање на параметрите добиени од CTG и следење на нивната поврзаност се добиваат информации за состојбата на фетусот во текот на бременоста и породувањето.

 

Др. Оливера Арнаудова - Специјалист по гинекологија и акушерство


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama