Организацијата Лулка работи на подобрување на условите и поддршката која ја добиваат трудниците, родилките и родителите по породувањето и во текот на одгледувањето и воспитувањето на детето.
Во рамки на нашите активности спроведуваме бројни акции и проекти за едукација и поддршка, но уште многу треба да се направи на системски план, за да се обезбеди подобро здравје и попозитивно искуство на трудниците, родилките со бебињата, на родителите со нивните деца. На ТВ Телма, во емисијата 0м+ Др Денис Ал Кхалили од организацијата Лулка разговара за значењето на индивидуалниот простап и поддршка, за татковците и нивниот пристап во родилната сала како поддршка на мајката која раѓа, за значењето на доењето за нашиот здравствен систем и заштедата која ја овозможува поддршката на доењето, за елементите кои се важни за да можеме да кажеме дека една трудница, родилка и мајка добива соодветна поддршка.
Погледнете ја целата емисија и дознајте повеќе за овие важни теми!