Исхраната мора да му ги обезбеди на вашето дете сите нутриенти и енергија неопходна за здрав раст и развој.

Најголем број од проблемите со здравјето во првите три години од животот се поврзани со намалениот имунитет кај детето кој е резултат на потхранетост (недоволна исхранетост на детето).

Здравата исхрана е важна за развој на доенчето. Сепак, здравата исхрана не е само она што се става во чинија, важни се и здравите навики кои децата ги стекнуваат од најраното детство и остануваат за цел живот.

Препораките се храната да се приготвува дома, од свежи и квалитетни намирници. Така може полесно да се приготви соодветната количина на храна која му е потребна на детето. Покрај тоа, неговата исхрана ќе биде побогата со вкусови и детето побрзо ќе се навикне на новите вкусови и фамилијарната исхрана.

Кај готовата храна, задолжително да го проверувате рокот на траење, за која возраст на деца е наменета храната и точно да се придржувате кон упатството за употреба/приготвување. Доколку детето се нахрани со готова храна од фабричка амбалажа, остатокот од храната кој ќе остане се фрла. Ако знаете дека детето нема да ја изеде целата кашичка, со чиста лажичка се вади одредената количина  на храна и се префрла во друг сад, а остатокот добро се затвара и се чува во фрижидер најмногу 2 дена по отварањето. Готовата храна е најпогодна при патувања и излети бидејки е херметички затворена и не треба да се грижиме да не се расипе. Притоа овој тип храна не бара посебна подготовка.

М-р. Д-р. Ангелчо Андоновски

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama