Собата е простор во кој поминуваме голем дел од денот, простор во кој заспиваме и се будиме, а кога станува збор за децата, простор во кој си играат и ја развиваат својата фантазија.
Токму затоа треба да биде светол, весел и шарен, така уреден за да му го привлекува и задржува вниманието на детето, а воедно и да го расположува.
Ви изгледа малку комплицирано? Ние одбравме неколку типови на соби кои може да ве инспирираат кога ќе решите да уредите соба или можеби дел од собата за вашето дете. Важно е да напоменеме дека се препорачува децата да спијат во истата соба со своите родители до својата 3та година. Разгледајте ја галеријата подолу и уживајте!
ЗАЈЧЕ ЗАЈЧЕ
Сѐ што ви е потребно за прекрасно мало дувленце