Психолошките ефекти и реакции на абортусот варираат од една до друга жена и ситуација. Некои жени зборуваат за едно чувство на  големо олеснување и ослободување по направениот абортус, и тоа е нормално и е во ред.

Кога бременоста не е планирана, можеби е во прерана или предоцна ризична возраст или е непосакувана од многу други различни причини, некогаш абортусот е најдобрата опција за жената. Ослободувачко чувство се јавува и во ситуации кога здравјето на жената е во ризик од бременоста која настанала.

 

Но, прашањето кое е побитно е кои се негативните емоционални и психолошки ризици по превземањето на ваков чекор?

Емоционалните и психолошките ефекти по абортусот се многу почести и покарактеристично е нивното појавување во однос на физичките промени. Психолошките реакции на жената можат да бидат од благо каење па се до посериозна состојба на депресија. Многу е битно да се зборува за овој чекор уште пред неговото превземање со стручно лице, со чија помош може да се разгледаат сите опции, грижи и да се најде одговорот на сите прашања. 

Како листа на можни негативни психолошки појави кои најчесто се јавуваат, и чие траење, интензитет и предиспонираност се различни кај секоја жена се:

-        каење

-        срам

-        бес и лутина

-        чувство на вина

-        чувство на осаменост и изолација

-        намалена самодоверба

-        несоница или кошмарни сонови

-        нарушување и конфликт во партнерскиот однос

-        нарушување на апетитот и исхраната

-        анксиозност

-        депресивност

-        суицидални мисли и чувства.

Секоја жена може да ги доживее овие неочекувани негативни состојби и чувства како резултат на абортус. Најчесто самата процедура ги афектира емотивно повеќе од колку што очекувале да ги допре.

Зголемен е ризикот да се појават негативните психолошки состојби кај жената во неколку случаи, а тие се:

- кај индивидуи со претходни негативни емотивни и психолошки состојби, растројства или психијатриски болести

- индивидуи кои се принудени да ја извршат процедурата, против својата сопствена волја

- индивидуи кои имаат конфликт со нивните религиозни убедувања и абортусот

- индивидуи кои имаат морални и етички конфликти со постапката на абортирање и изборот за тоа

- индивидуи кои треба да извршат абортус во поодмината фаза на бременоста

- индивидуи кои мора да минат низ постапката без подршка и знаење од нивниот партнер или пак семејство

- индивидуи кај кои мора да се изврши абортус бидејќи постојат одредени генетски или фетални аномалии.

 

Што се препорачува кај жени кои планираат да направат абортус?

Да побараат стручна психолошка помош и советување и да се дискутира за сите околности, чувства, размислувања, стравови, двоумења, да се одговорат сите прашања.

Жената да не се изолира во периодот кога ќе се појави непланираната бременост, и да пробува сама да мине низ ситуацијата. Да ги вклучи партнерот и најблиските за комуникација и подршка, која во ваков период и е многу потребна. Изолацијата е таа која може да води кон депресија.

Да се избегнуваат луѓе кои ве советуваат и ве тераат да го направите изборот кои тие мислат дека е најдобар. Вие избирате, ваша е одлуката и земете си време да си размислите и да си одлучите кое е најдоброто решение за вас.

Добро е во некои ситуации ако може да најдете некој кој минал низ ова искуство и да разговарате со него, така ќе се доближи целата постапка и ситуација и ќе бидете поинформирани и свесни за сите избори кои ги имате, а ги имате секогаш!

 

Ако имате некои од негативните чувства по абортусот, или едноставно имате потреба од разговор, слободно обратете се веднаш до нашето здружение.

 

Ивана Хаџиванова - Психолог/Психотерапевт

 

 

 

 

 

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama