Вообичаено, редовниот сексуален однос без контрацепција резултира со бременост. Истражувањата покажуваат дека 85% од жените остануваат бремени во текот на првата година. Од нив половината забременуваат во првите 6 месеци.

Во текот на првата година препораките се насочени кон воспоставување на редовен сексуален однос, психичка рамнотежа меѓу партнерите и слободно водење љубов, без постојано оптоварување со резултатот од тестот за бременост.
Само доколку по една година редовни односи жената не остане бремена, се советува посета на гинеколог со чија помош ќе ја утврдите причината зошто не настапува бременост. Причината се бара кај обата партнери. Кај мажот се врши испитување на спермата, наречено спермограм. Со спермограмот се испитува бројот, формата и подвижноста на сперматозоидите. Кај жената се испитува способноста за овулација и присуството на фоликул во јајниците, проодноста на јајцеводите итн. Доколку имате проблем, неопходно е да се консултирате со гинеколог.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama