Првата средба на родителите со нивното предвремено родено бебе секогаш претставува изненадување и е исполнета со силни помешани емоции. Бебешката кожа е тенка и проѕирна, а под неа може да се видат крвните садови. Бебето изгледа ситно и слабо, и поради тоа што сè уште е незрело, „прикачено” е на разни апарати кои му се неопходни за раст и развој.
Едно од десет бебиња се раѓа предвреме, насекаде во светот. Предвреме родените бебиња имаат потреба од посебна нега и третман. Како родители и професионалци, но пред се претставници на пациентите, благодарни сме за работата која ја вршат докторите и сестрите секојдневно, грижејќи се за предвреме родените и болните новородени. Нашата мисија како организација, е да се погрижиме секое новородено бебе да има најдобар почеток на животот.
Нормалната бременост трае приближно 37 до 42 недели. Кога бебето се раѓа пред 37-мата недела од бременоста, се смета за предвреме родено. Во светот, едно на секои десет новородени бебиња се раѓа предвреме. На почетокот, доењето може да биде голем предизвик за мајките на предвремено родените бебиња, но постојат многу начини за бебето да се храни со мајчино млеко.
Моменти од работилницата на EFCNI во Минхен, Германија, каде Лулка учествуваше на дводневна обука за проектот Европски стандарди за грижа за новородени (Level II Workshop on the European Standards of Care for Newborn Health project).