Некротизирачки ентероколитис (NEC) е една од посериозните болести на дигестивниот систем (на цревниот систем) и една од почестите која се јавува кај предвреме родените бебиња. Болеста настанува поради повреда или воспаление на тенкото или дебелото црево.
Респираторен дистрес синдром (РДС) е многу чест проблем кај предвремено родените бебиња и често бара дополнителна поддршка со кислород или потпомагање на дишењето со маханичка вентилација. Тежината на РДС зависи од повеќе фактори, меѓу кои:
Сурфактант е супстанца која овозможува алевеолите (дишните патишта) да останат отворени. Терапијата со сурфактант се применува за да се спречи колабирање на алвеолите. За да се овозможи нормално дишење, на бебето му се помага со приклучување на механичка вентилација или со поддршка со кислород. За бебињата кои се родени без доволно сурфактант се вели дека имаат респираторен дистрес синдром (РДС).
Хемангиомот е вид на белег кој се појавува кога заплеткани крвни садови ќе пораснат на површината на кожата или под неа. Хемангиомите обично се појавуваат неколку дена или недели по раѓањето на бебето. Ако бебето се роди со хемангиом, тогаш станува збор за друг вид на хемангиоми кои се третираат на сосема поразличен начин и се вродени, т.е настанале за време на бременоста и развојот на фетусот во утробата на мајката. Вродените хемангиоми се многу поретки.