И оваа година Лулка го одбележа 17-ти Ноември – Светскиот ден на предвременото породување.

Годинава Светскиот ден на предвременото породување се одбележува под слоганот „Да соработуваме: Партнерство со семејствата при грижата за малите и болни новороденчиња.“ Истиот ден, во 12:00 часот, на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство беше одржана прес-конференција по повод Светскиот ден на предвременото породување. Беа истакнати мерките за подобрување на третманот на предвремено родените бебиња и резултатите кои се постигнати досега на Клиниката.

Бронхопулмонална дисплазија (БПД) е хронично белодробно заболување кое се среќава кај недоносените бебиња кои подолго време биле под кислородна терапија и механичка вентилација. Најмалку 20% од бебињата кои биле на механичка вентилација ја имаат оваа дијагноза. 

Што е Пневмоторакс? 
Пневмоторакс претставува продор на воздух во плевралниот простор, што предизвикува колабирање на белодробното крило. Пневмотораксот може да доведе до полесна или потешка состојба, а тоа зависи од количеството на воздух помеѓу плевралните листови во градниот кош.

Ризикот за губење на слухот кај терминско бебе и кај предвреме родено бебе не е ни приближно ист. Ако од 1000 новородени термински бебиња се очекува 1 до 3 бебиња да имаат проблем со слухот или да бидат целосно глуви, кај предвреме родените бебиња од 100 (не од 1000) новородени се очекуваат околу 15 бебиња да имаат некаков проблем.